На никој ништо не му објаснувај. Секој ќе те разбере како што сака

Ако во себе го воспоставивме контактот со своето внатрешно дете, ако во поголемиот дел од времето сме во рамнотежа, тогаш знаеме и чувствуваме дека секогаш можеме, во секој момент и во секоја ситуација, да ја кренеме ‘рачната’, да се смириме и да пронајдеме нешто што сакаме.

Ако така реагираме на луѓето и животот, во себе ја зајакнуваме рамнотежата, го штимаме своето расположение и став, без оглед што луѓето ќе направат, во каква ситуација ќе се најдеме. Зошто воопшто е важен тој наш однос со Изворот/Бог/ Универзална интелигенција (сите имаме различна терминологија со која го опишуваме ‘она нешто’) во нас?

Затоа што кога тој наш однос е стабилен, секогаш и во секоја ситуација, ние реагираме од тој дел од себе и тогаш, ‘ги извлекуваме’ мислите, зборовите, делата, реакциите…со кои шириме она што е во нас, а не реагираме на она што е во некој друг.

Некој ми вели нешто негативно, ме навредува, исмејава, омаловажува…Јас го пуштам и реагирам, од тој дел од себе, кој е чиста позитивна енергија, која свесно ја изградив во себе. Така никој со ништо не навредуваме, ниту го ставаме под лупа/ филтер на своите умни/ интелектуални анализи.

Секогаш сме набљудувачи на се’ она што се случува во нас (нашите мисли, чувства, акции, реакции, без оглед дали се позитивни или не, ние ги набљудуваме и не се бориме ниту на еден начин против нив).

Ослободени од врзување за мислењето и постапките на другите, ослободени сме од етикетирање на луѓето поради нешто што ќе кажат и направат и не ги нарекуваме глупи, лоши, смешни, луди…

Така сме 100% слободни, а со тоа ‘даваме’ слобода и на другите да мислат, кажат и направат она што тие посакуваат. Кога велиме ‘даваме слобода’, вистина е дека ние не можеме на никој да му дадеме и одземеме она што тој е , она што тој ќе каже, мисли или направи..Но, можеме свесно да пуштиме, сите други да бидат она што избрале да бидат, без да им судиме врз основа на нивниот избор!

Секој дел од себе кој ќе го ископате на површината, дава чист мотив за понатамошно копање. Чист мотив е оној кој е ослободен со било која врста на интерес. Тоа што јас се сложувам со вас, не значи дека и така размислувам, кажувам или правам. За мене значи дека вие имате право да размислувате и да го кажете истото, тоа што го посакувате, а јас да не се борам против тоа.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading