Секојдневно, комуницирајќи со различни луѓе, се чудиме како ‘најдобрите’ луѓе се – сами. Нив ги одликува харизма, добар изглед, жив аналитички ум, добро воспитание и манири, зад нив е секогаш скриен силен поглед, во кој едвај се гледа мала тага.
Тие бараат ‘ свои’ луѓе: за комуникација, за друштво и пријатен одмор, за љубов, за односи и семејство. Тие прават повеќе грешки, повеќе страдаат, ретко контактираат, потешко ги поднесуваат неуспесите.
Но, секој пат, горејќи во односите, тие повторно се раѓаат од пепелта и стануваат уште по совршени и појаки. И повторно и повторно почнуваат се’ од почеток.
Не ги обожаваат стеротипите на современото општество, не може да им се наметне туѓо мислење. Без оглед дали е маж или жена, тие бараат таков човек, покрај кого ќе им биде топло и спокојно. А тоа ‘спокојно’ не се заснива на отсуство на расправија, адреналин или крајни граници на емоцијата.
Тоа ‘ спокојно’ значи дека покрај тебе е човек кој нема да те изневери.Човек на кој безгранично му веруваш, во кој имаш доверба и во кој си сигурен 200%. Дури и најсилните луѓе сакаат да добијат уверение дека се сакани.
извор: Econet.ru
Leave a Reply