Грешки поради кои ги губите добрите мажи

Често се прашуваме каде исчезнаа добрите момци. Меѓутоа, вистина е дека најчесто ги пропуштаме поради мали, ситни глупости.

1. Сакаме одреден тип на мажи и не се откажуваме од нив. Нема ништо лошо од поставување на критериуми, се додека не станеме премногу избирливи. Во одреден момент мора да ги преиспитаме своите критериуми, односно да обрнеме внимание на она што ни е вистински важно. Запрашајте се дали навистина ќе одбиете маж кој ви одговара во се’, освен на пример според музичкиот вкус.

2. Влегуваме од врска во врска. Срцето не прашува и токму затоа мозокот понекогаш треба да даде некој совет. После раскинувањето земете си време за да ја ‘одболедувате’ бившата љубов. Можеби мислите дека сте подготвени за нова врска, но на сите, па дури и на најсилните жени, им треба време за нова љубов после раскинувањето. Во тој момент кога сме повредени и тажни, стануваме мамка за мажите кои не се добри за нас.

3. Го чекаме господинот Совршен. Принцот на бел коњ е само бајка. Понекогаш ни треба време да сфатиме дека совршенство не постои. Поради љубов учиме да ги толерираме сите несовршенства, а понекогаш таа ни станува симпатична.

4 Одбиваме излегувања со друштво. Животот често ќе не’ изненади со случајна љубов и љубовна приказна, но шанси дека добар маж ќе ни тропне на врата навистина се мали. Поголема е веројатноста дека ќе ја запознаете некаде на друго место, затоа не се откажувајте од излегувања.

5. Не сакаме да го направиме првиот чекор. Старите романтични приказни не’ научија дека мажот секогаш прв му приоѓа на жена, но со тек на време се променија. Позади срамежлив маж кој не знае како да му се приближи на жена , можеби се крие добар и кавлитетен потенцијален партнер. Кога ќе ги отфлиме сопствените предрасуди за доближување до мажите, самите себеси си даваме прилика за нови познанства кои во спротивно нема да се случат.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading