Дали се чувствуваш запоставено во врска или брак?

Се чувствувате запоставено и осамено? Мислите дека на партнерот не му сте важни во онаа мера како на почетокот на врската или бракот? Ви недостига негово внимание? Не носете веднаш заклучоци. Недостатокот на внимание кое го примате не мора секогаш да биде знак дека вашиот партнер се ‘лади’, има друга жена или планира да ве остави.

Најголемата грешка која жените ја прават во такви ситуации е обвинување. Не го правете тоа пред да дознаете со што се’ се носи вашиот партнер. Можеби е во прашање стрес поврзан со работата, некоја болест, проблеми со родителите, остатокот од семејството или со некој близок пријател.

Стручњаците истакнуваат дека не сте подготвени да ја слушнете неговата страна од приказната ако го обвинувате за одредено однесување. Од иста причина, тој нема да сака да ви се довери. Напротив, ако го обвинувате дека напаравил некаков грозен чин без било какви докази, тоа може емотивно да ве оддалечи.

Бидете сочувствителни, дајте му прилика да се изјасни, сослушајте го што го мачи и зошто ви го скратува вниманието, а потоа проценете што понатаму.

Многу личности во врска забораваат дека не смеат да се потпираат исклучиво на партнер за да се чувствуваат посебно, привлечно или успешно. Бидете си самите себеси на прво место, научете како да си угодите, посветете се на своето ментално здравје, па потоа полесно ќе се носите со евентуалните предизвици во врска или брак.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading