Силата на мислите е неверојатна. Она што мислиш тоа и стануваш

Обично кога човек, не е задоволен од работата е огорчен. Често слушаме- ‘А знаете вие колку ме плаќаат?’ -Знам. Исто така не разбирам, што правиш ти тука. По мое мислење, се’ е едноставно: не ти се допаѓа- не работи. И така во се’.

Лошо ти е да живееш со маж?- Не живеј. Лошо се однесуваат со тебе колегите на работа?- Менувај ги. Лошо ти стои облеката- подари му ја на некој, на кој ќе му стои совршено. Лошо спиеш- занимавај се малку својата душевна состојба. Лошо ти е да живееш во оваа земја- оди си.

Работи, не кукај. Ако ништо не работиш и не менуваш, значи дека то е добро. Биди искрен со себе- добро ти е? Добро е да си тука? Добро е да се биде жртва? Добро е да те сожалуваат? Добро е да не работиш ништо со својот живот? Спокојно. Предводливо. Тоа е твојата зона на комфорот.

Да се биде во кал е твоја зона на удобност. Во тоа се’ има смисла. Најголемиот смисол во животот. Ако не си жртва, кој си тогаш? Ако не се жалиш, што ќе правиш тогаш? Ќе мора да работиш.

Ако се тргне во таа смисла: ‘Мене ми е многу тешко, ама јас го носам својот крст-   што ќе ти остане тогаш? Каде ќе одиш без крстот? Како воопшто ќе се жалиш без него?

Да не одлучиш- е исто така одлука. Да не се менуваш- е исто така избор. Ако така бираш, биди со тоа, признај, добивај бонуси, уживај во нив. Но, не го испирај мозокот со друго. Тој не мора да ги игра твоите игри.

Признај: ти си таму, каде сакаш да бидеш. Тоа е вистината.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading