Вие се чувствувате, онака како што размислувате

Не посакувај, во твојот живот се’ да биде едноставно. Одлучи само, дека треба да биде подобар.
Не моли се’ во твојот живот, се’ да ти биде лесно дадено. Моли се, да се појават можности да станеш по мудар.
Животот е непредвидлив и преставува низа од промени.
Секој од нас има мислење, со кое избира однесување во дадена ситуација, а изборот ги определува резултатот.
Се плашиме од промени.
Но, нашата судбина е во нашите раце. Ние одлучуваме кој ќе бидеме, а кој- не. Тоа е наш живот, наше мислење и наш избор.
Животот е цикличен. Како годишните времиња. Во него постојат добри и лоши фази. И тука, ништо не може да се направи.
Во нашиот живот постојат ‘зими’, кога, не разбираме, што треба да правиме понатаму. Кога ни се чини дека се’ е наопаку.
Таа ‘зима’, може да биде поврзана со финансии, работа, приватен живот или било која друга сфера.
Во такви моменти, се чувствуваме многу разочарани. ‘Зимата’ не може да се избегне, но, може да се научи како да се преживеат потешкотиите со минимум губиток за себе.
Треба да се научи, како да се преживеат своите ‘зими’, бидејќи тие носат нова можност. Тоа било, Е и ќе биде.
Не можете да се ослободите од јануар, така што ќе го свртите листот од календарот.
Но, еве што можете: Да станете подобри, појаки и по мудри. Запомнете го ова. Само со менување на себе си, можете да ги премостите препреките и да го смените својот живот.
Ако силно посакувате лето во зима, треба да знаете дека во животот не е се’ едноставно.
Само не престанувајте, да се обидувате да бидете подобари за себе.
Не се моли во твојот живот, да имаш помалку проблеми.
Моли се да се случат можности да создадеш нови навики. Не моли се’ во животот да ти биде дадено.
Моли се, кај тебе да се случат нови можности, за да станеш по мудар.
by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: