Без размислување- пуштај!

Го пушти.

Без размислување или зборови, само го пушти. Се ослободи од стравот. Се ослободи од предрасуди. Од туѓи мислења кои се мотаа во нејзината глава.

Се ослободи од сета неодлучност во себе. Од сите ‘вистински причини’. Целосно и во потполност, без двоумење и грижа, само го пушти.

Не праша никој за совет. Само го пушти.

Ги пушти сите спомени кои и’ се враќаа. Се ослободи од сите стравови кои ја спречуваа да оди напред. Ги пушти своите планови и пресметки за тоа како да се направат вистинските работи.

Не вети дека ќе го пушти. Не напиша дневник за тоа. Не го одреди датумот кога тоа ќе го направи. Не и’ поверува на временската прогноза и дневниот хороскоп. Само го пушти. Не направи анализа дали требаше да пушти.fb_img_1539760792109

Не ги повика своите пријатели да разговара за тоа. Не одеше на духовни сеанси. Не кажуваше молитви. Не изговори ниту еден збор. Само го пушти.

Никој не беше тука кога тоа се случи. Немаше аплаузи и честитки. Никој не и’ се заблагодари, никој не ја пофали.

Никој ништо не забележа. Како лист што паѓа од стебло, така и таа само го пушти. Немаше напор. Ниту борба. Не беше ни добро ни лошо. Било што било и толку.

Во тој процес на пуштање, пушти да биде така како што треба да биде. Мала насмевка се појави на нејзиното лице.

Благо ветре дувна низ неа. И сонце и месечина засекогаш светнаа.

elephantjournal.com 

forensicsoul.com

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading