Некогаш треба да се извалкаме себеси, за да се исчистиме од тежината. Некогаш треба да го допреме дното, за да сфатиме дека подолу не можеме да одиме.
Некогаш треба да правиме глупости, за да сфатиме дека имаме право на тоа. Нашите гревови се само наши. Никој нема право да зборува за тоа, освен ние самите. И, нашите гревови се вистински, се додека не падне дождот, и ги исчисти. Одеднаш ги нема. Како никогаш и да не ни биле.
Тогаш сфаќаме – штом дождот упорно ни простува, време е и ни самите да го направиме истото. Време е да научиме дека имаме право на среќа, без разлика колку пати сме се измиле во калта. И, токм како дождот, некој ќе се вљуби во нас и тогаш кога ќе бидеме највалкани…
Leave a Reply