Бог ти дава терет, колку што можат да носат твоите рамена

Како можеш да се надеваш дека ќе растеш без да се истегнеш? Каде се наоѓаат твојата вера и твојата сигурност? Од каде ги црпиш својата сила и својата моќ?

Се обидуваш ли да го живееш овој живот со сопствена сила, потпирајќи се на себе за да се провлечеш? Ако се обидуваш тоа, нема да можеш да му се спротиставиш на стресот и на напорот што се околу тебе.

Но, кога се’ ќе ставиш во Моите раце и ќе Ми дозволиш да те водам и да раководам со тебе, ќе можеш да направиш се’, зошто со мене сите работи се можни.

Чувствуваш ли дека мораш да исполниш премногу тешка задача? Зошто веднаш не почнеш да го префрлаш сиот товар и сета грижа на Мене и не Ме пуштиш да те водам низ тие матни води?

Ќе те водам низ сите тешкотии во мирните и тивки води и ќе те ослободам од секаков напор, кога твојата вера и твојата доверба ќе бидат целосно во Мене.

Ајлин Кеди – ‘Отворање на внатрешните порти’

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: