Луѓето ќе те измамат, заведат, разочараат. Ќе се расправаш со семејството. Ќе ги обвинуваш своите нови партнери, за работи кои ги создале старите.
Ќе ги изгубиш пријателите, за кои си мислел дека со тебе ќе бидат засекогаш. Ќе сфатиш дека секој има минато и дека никој не е совршен. Ќе плачеш, ќе се смееш, ќе се усрамиш.
Но, ќе дојде моментот кога ништо од тоа нема да биде важно. Ќе разбереш дека препреките во животот се привид, бидејќи поради нив си станал човек, кој си денес.
И тогаш ќе знаеш дека се’ во животот има своја смисла, дека ништо не би менувал, дека е се’ токму така, како што треба да биде. Секоја твоја грешка била на место. Се’ е учење.
Leave a Reply