Да сакаш, значи да ја откриеш сопствената среќа во среќата на другиот

Оној момент кога ќе престанеме да трагаме по совршен партнер, унапредување на работа, куќа од соништата- тоа конечно и ќе го најдеме. Копнееме за тие работи, понекогаш со години, уверени дека нашата среќа зависи од нив. Стануваме фрустрирани и запоставуваме се’ друго во животот и ја пропуштаме приликата, да бидеме среќни во сегашниот момент. Потполно се исцрпуваме. Премногу се трудиме.

По некое време, не ни преостанува ништо друго, туку да се откажеме од потерата за совршенство и да почнеме со прифаќањето. Иронично, штом одлучиме, дека тие работи за кои трагаме, всушност не ни се потребни…тие ќе се појават. Дали овој феномен е некаква магија- или всушност се’ е работа на нашата перцепција?

Кога ги отвораме срцата кон прифаќањето, конечно можеме да уживаме во она што животот ни носи, наместо да ‘бркаме’ нешто по секоја цена.. Додека сме во потрага за совршенство, во љубовниот живот, кариера или за било што друго, ние всушност трагаме по чувството за контрола, кои како човечки суштества, го немаме.

Кога ќе престанеме да бараме контрола, стануваме слободни да уживаме, во работите кои ни се случуваат. Во тоа можеме да најдеме задоволството и исполнетост, а не во контролата, која не може тоа да ни го даде.

Луѓето имаат тенденција да си препишуваат повеќе заслуги, отколку што треба. Ние најчесто мислиме, дека знаеме што е најдобро за нас. На пример:’ Кога ќе се запишам на факултет, ќе бидам среќна’. Нашите желби можеби одат во добра насока, но мислите и нивната најголема грешка, остануваат исти: ‘Кога ќе забременам, кога ќе заработам доволно пари, кога ќе ослабам 10 кг, кога ќе ја запознам вистинската личност…

Ваквите мисли се потполно вообичаени, па дури и очекувани и неизбежни во човечкиот живот. Но, колку често, таквото размислување ќе вроди со плод?

Трагањето по нешто што немаме, не носи среќа. Среќата доаѓа кога ќе го гушнеме и негуваме, она што го имаме. Нашето гледање, на она што некогаш сме можеле да имаме, често е потполно преценето. Тоа може да ни донесе среќа, дури во ретки случаеви.

Но, не заборавајте, стварниот живот е овде и тој, може да ни донесе среќа. Во човечката природа е, да се трага по нешто што немаме, но тоа не е пат кој, на било кое ниво, ни носи среќа и исполнетост. Мораме да го смениме фокусот. Да ги гледаме работите кои навистина ни се случуваат. Размислете за својата врска, неочекуваната среќа и своите природни таленти. Дали ги негувате или свесно ги занемарувате, поради нешто, што не е стварно?

Кога ќе почнете да ги цените благословите во својот живот, ќе откриете дека сте многу побогати, отколку што вашиот немирен ум смета.

Извор: iheartscience.com

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading