Секој може да си оди од вас, но судбината нема никогаш да ве напушти

Под влијание на копнежот, човекот ја губи желбата за храна, за спиење, за работа и станува вознемирен. Многумина ги обзема страв, бидејќи копнежот ги уништува сите траги од минатото што ќе му се најдат на патот.

Никој не сака да гледа како неговиот свет се распаѓа. Затоа, повеќето успеваат да ја контролираат оваа закана и можат да го одржат на нозе дури и она, што веќе се претворило во прав.

Тоа се мајстори за надживеани работи. Другите го мислат спротивното: тие се предаваат без да размислат, надевајќи се, дека во страста и копнежот ќе најдат решение за своите проблеми.

Тие сметаат дека другите се одговорни за нивната среќа и ги обвинуваат за својата евентуална несреќа. Тие секогаш се занесени, зошто им се случило нешто прекрасно или депримирани, бидејќи некој неочекуван настан ги уништил сите нивни надежи.

Да се држам настрана од страста или да и се препуштам, која од овие можности е помалку деструктивна.

Коељо

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading