Те љуби како што те гледа, а не како ти зборува

За да сакаш жена, треба да ги запознаеш и да ги прифатиш сите нејзини лица. Не само она, кога е се’ како што треба, туку и она лице, неприлагодено, смрзнато, кое молчи.

Лесно е да се љуби жена кога знаеш дека и таа те љуби, кога е игра, песна, смеа. Сакај ја кога ќе падне, кога не знае што ќе биде утре. Сакај ги нејзините промени и причините поради кои не се откажува, сакај ги нејзините повлекувања, несигурности, кога со рацете ги покрива очите. Кога се плаши и од сопствената сенка, а не пак од светот.

Друго е кога стануваш дел од нејзиното се’, кога ќе те пушти во нејзините тишини, скриени делови, преиспитувања. Кога ти дозволува да ја гледаш и кога се распаѓа. Ќе сретнеш во неа, многу лица, но, се’ е тоа Жена, гордост и срам, слобода и ѕидови, спокој и неспокој.

За да сакаш жена, мораш да ја почувствуваш на многу начини. Не само ‘онака’. И што повеќе ја чувствуваш, повеќе ја разбираш. И полесно ја пратиш на нејзините внатрешни патувања, на кои не може секогаш да те поведе.

Жената е длабочина, бескрај…Некогаш е како дете желно само за внимание и љубов, некогаш посакува да биде оставена на мир. Се’ е тоа жена. На крајот кога сето тоа ќе го запознаеш, проживеј заедно со неа во тој круг, од кој се’ се врти од време на време. Полесно пушташ, а полесно и’ се враќаш.

Станувате сигурни во своите несигурности. Кога ќе сфатите дека не е страшно, како што на моменти изгледа. Созревате, растете, прифаќате многу работи. И со време сета болка помалку боли, а убавите моменти, повеќе радуваат. Сето тоа е жена и ако ја сакаш, мораш да ги засакаш сите нејзини состојби и изданија или барем да ги прифатиш.

Во спротивно, ќе сакаш жени, но не и жена. Ќе ја засакаш нивната површина, сјај, но не и она длабокото, најдлабокото во една жена.

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: