Бидете своја сопствена верзија на неверојатно. Тоа е многу поважно од било која убавина.

Не трудете се да бидете убави. Општеството постојано ќе ви ја пласира убавина, како нешто задолжително. Заборавете на тоа. Не бидете убави.

Бидете лути, насмеани, забавни, интересни, посебни, интелигентни. Постојат толку работи што можете да бидете, освен да бидете убави. И што е всушност убавина? Неколку букви со различно значење.

Додека наутро се гледате во огледало. Додека вашата ‘изгужваната’ фризура ја прати размачканата шминка. Додека го пиете првото кафе, ослободени од она што треба да бидете. Додека се смеете скриени меѓу полиците на туѓите очекувања. Додека легнувате навечер во својата распарана пижама или во неговата 2 броја поголема мајца. Додека врескате на себе, бидејќи не сте задоволни од она што гледате, додека доцните, додека ги изговарате погрешните реченици, влегувате во некои меѓупростори. Додека се лутите и пркосите, додека сте љубоморни и живи.

Додека не ве сакаат или не се сакате, знајте дека некаде во светот постои некој, кој го моли небото, токму за таква жена. Бидете своја сопствена верзија на неверојатно. Тоа е многу поважно од било која убавина.

Sanja Paraminski Aisha

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading