Постои една личност за која те врзува некоја необична сила, која не се објаснува. Што и да се случи, што и да ти приреди животот, секогаш кон неа те води.
Помислуваш дека Бог со златен конец те пришил за неа, наредувајќи ти да ја сакаш и почитуваш како дел од себе. Тоа е личност пред која си емотивно гол, без лажен сјај, маски и перја.
Со неа молчиш, а имаш чувство дека не си застанал од зборување, бидејќи со поглед се’ е кажано. Те гледа во очи. а ти ја чита душата. Те турка кога запнуваш, ти дава ветер за напред…твојот Божји дар.
И не е важно што носат годините и што животот ќе приреди…. на златен конец ‘рѓа не се фаќа..
by Рита
Leave a Reply