Дали вашите стравови се вистина или фикција?

Дури 90% од она што не’ плаши е неоснован страв, кој влијае на квалитетот на нашиот живот во сите негови сегменти. Како да се освестат своите стравови, за да можеме да управуваме со својот живот, а не животот со нас?

Кога ќе навлеземе подлабоко во своите чувства и навистина ќе се обидеме да го пронајдеме она што во нас егзистира, што е тоа што понекогаш не’ плаши и немаме мирен сон, ќе сфатиме дека многу такви стравови, се само проекција на нашиот ум и нема премногу врска со правата вистина.

Да се живее во страв, фрустрација и стрес е одраз на неразбирањето и недоволната едукација, за тоа колкав потенцијал како човечки суштества имаме. Нашиот мозок совршено е организиран и секој негов дел има своја цел и смисла. Во својот примитивен дел, нашиот мозок чува една мала структура- амигдала- која се активира во моментот кога во своето чувствително поле, ќе препознаеме опасност и се’ она, што на некој начин ја загрозува нашата сигурност. Таа се активира под влијание на нашата перцепција, односно начинот на кој го гледаме и интерпретираме надворешниот свет.

Иднината е илузија на времето. Временската зона која во овој момент не постои, само служи, на својата амигдала да и’ дадеме знак: ‘Внимавај! Опасност!’. Во тој момент нашата амигдала, потикнува производство на хормонот на стресот и издава наредба: ‘Бори се или бегај’.

Амигдалата е обично побрза, од нашата подготвеност да размислиме за реалната основа на стравот, па се одлучуваме да бегаме, без вистински да се прашаме од што всушност бегаме. Затоа, од голема важност е да се разбере што е стравот, од каде доаѓа. На крај согледуваме дека 90% од она што не’ плаши е неоснован страв кој влијае на квалитетот на нашиот живот во сите негови сегменти.

Ако денес во својот ум создадете слика дека ќе останете без работа, нема да имате за сметки или дека тешко ќе се разболите, ја храните својата амигдала и и’ давате енергија да се активира. Во овој момент, никој не знае со сигурност дека сликата која ја храните во својот ум ќе стане ваша реалност. Тоа се оние моменти, кога сонуваме со отворени очи, она што не сакаме да биде наша вистина.

Тоа го правиме несвесно бидејќи не управуваме со својата перцепција и своите ментални мускули. Сите имаме слободна волја да избереме за што ќе размислуваме, но тоа не го правиме, бидејќи не сме ментално истренирани. Она што се случува е енергија со која вибрираме во моментот на своите ‘ментални сценарија’, која пак го тресе нашето енергетско поле и така го привлекуваме се’ она што во тој момент вибрира со нас.

Затоа е потребно да се освестат своите стравови, за да можете вие да управувате со животот, а не тој со вас. Да се научи да се совлада стравот не е ништо поинаку од било кој предизвик, во кој прво мора да препознаете што е тоа што ве плаши, за да на крајот и го совладате.

Извор: sensa.hr

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading