Понекогаш треба да ја пуштиш водата сама да тече

Сите знаат да сакаат, бидејќи сите се родени со тој дар. Некои тоа го прават природно добро, но повеќето треба да го повторат материјалот, да се присетат како се сака и сите без исклучок имаат потреба да горат во огнот на своите проживеани емоции, да оживеат некои радости и болки, воздигнувања и падови, се додека не ја достигнат онаа ѕвезда водилка која стои позади секоја нова средба, дека таму постои една нишка, кога телата го учат јазикот на душата, всушност сексот.

Кога човек подлабоко ќе се загледа во Душата на Светот, лесно сфаќа дека во светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата, било да е тоа во средиштето на некоја пустина или во центарот на некој град…И кога тие двајца ќе се сретнат и нивните погледи ќе се вкрстат, сето минато и сета иднина го губи своето значење…и постои само тој момент…

Без оглед на она што го прави, секој на земјата секогаш игра главна улога во историјата на светот. Љубовта е секогаш нова. Сеедно дали сакаме еднаш, два пати, десет пати во животот- секогаш сме пред ситуација која не ја познаваме. Љубовта ќе не однесе во пекол или во рајот, но секогаш некаде ќе не’ однесе.

Треба да се прифати, бидејќи таа е храна на нашето постоење. Ако ја отфрлиме, ќе умреме од глад, гледајќи ги старите гранки на животот, без храброст да ја пуштиме раката и да ги собереме плодовите.

Треба да се оди кон љубовта каде и да се наоѓа, дури и ако значи часови, денови, недели разочарувања и тага. Бидејќи, во моментот кога ќе тргнеме во пресрет на љубовта и таа тргнува накај нас. Секогаш е неспоредливо полесно да веруваш во сопствената добрина, отколку да се судриш со другите и да се бориш за своите права. Сигурно е полесно да ја истрпиш навредата, не враќајќи се, отколку да собереш храброст и да се впуштиш во борба со појак од себе; секогаш можеме да речеме дека фрлениот камен не не’ погодил.

А потоа, дури ноќе, кога си сам, додека соседот или сопружникот спие, ќе го плачеш тивко, својот кукавичлук.

Кога гледаме секогаш исти лица, на крајот тие стануваат дел од нашите животи. А кога стануваат дел од нашиот живот, тогаш посакуваат и нас да не’ изменат. И ако не биде по нивно, не им годи. Бидејќи, секој човек има точна претстава како би требало другиот да го живе својот живот. А немаат појма како треба да го проживеат сопствениот живот.

Луѓето многу рано ја дознаваат причината за своето постоење. Можеби поради тоа тие така рано и се откажуваат. Ако тргнеш ветувајќи она што немаш, ќе изгубиш волја да го стекнеш. Понекогаш треба да ја пуштиш водата сама да тече. Можеби Бог и ја создал пустината за да можат луѓето да им се насмевнат на палмите.

Било што, на лицето на земјата може да ја раскаже приказната за сите работи. Ако отворам некоја книга на било која страница или видам нечија дланка, или карти, или летот на птиците, или било што, секој човек би нашол некоја врска со она што моментално проживува. Всушност, работите не покажуваат ништо, туку луѓето, набљудувајќи ги работите, го откриваат начинот да се стигне во Душата на Светот.

Паоло Коељо

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading