Жената која сака- простува. Но, жената која премногу простува- престанува да сака

Жената не заминува во прва прилика, ако не сака. Не си заминува ако чувствува нешто кон мажот кој е покрај неа. Не си оди ако сака да гради иднина со него.

Дури и кога ќе почне да чувствува дека нејзиниот маж станува ладен и рамнодушен, незаинтересиран. Тогаш жената простува и се обидува да ги смени работите. Да го предизвика на акција. Значи еднаш, двапати. Но, никогаш тоа не го прави бесконечно.

Бидејќи доаѓа ден кога ќе престане да ја дава душата за двајцата, ќе се разочара и се’ што сака е својата слобода. Тогаш тој не ја препознава, бидејќи навикнува да ја гледа како се бори сама за нив двајцата.

Жената која сака, секогаш инсистира на тоа работите да се задвижат. Ќе се бори за нивната љубов, бидејќи ќе биде невозможно така едноставно да ја напуштиш саканата личност. Ќе се увери дека сеуште не е ништо изгубено.

Простува, сакајќи да види жалење и промена кај него. Ќе прости и втор пат. Ќе прости и трет пат, кога ова ќе стане и навика. Но, еден ден таа ќе застане и ќе сфати дека не е проблем нејзината љубов, туку неговата рамнодушност. Тогаш ќе престане да сака. Тогаш ќе си оди.

Не можете да простувате до недоглед, дури и ако недостатокот на простување ве донесе до крајот. Понекогаш е подобро така. Кога не го гледате одговорот од другата страна, кога вашиот труд се губи во неговите приговори, неосновани и бесмислени, кога плачете секој ден, бидејќи не знаете како да направите врска, тогаш престанувате. За себе кажувате дека заслужувате повеќе. Жената која сака- простува. Но, жената која премногу простува- престанува да сака.

Извор: pozitivanstav

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: