Знаци дека на бракот (врската) му дојде крајот?

Секој брачен однос е приказна за себе, но постојат некои универзални ситуации кои сигнализираат проблеми и несклад. Дали на односот му дојде крајот или е потребно да му се даде втора шанса? Еве неколку причини за размислување.

Секој брак си има свои правила, но кога ќе се појават брачни фрустрации многумина се прашуваат како да се знае дали во бракот е очајно и тешко или е потребно да се даде втора шанса. Некои од следните алармантни ситуации можат да ви помогнат на време да побарате помош или пак засекогаш да го завршите односот кој не ве прави среќни и исполнети.

1. Имате чувство дека сте сами во бракот. Ако го имате ова чувство, веројатно живеете со партнер кој води сметка само за сопствените потреби. Да речеме, вашиот партнер многу работи и нема време за вас. Ако тоа сте му го кажале, а тој и понатаму не води сметка за вашите потреби, ниту изнаоѓа начин да се усклади со вашите желби, долгорочно таквиот однос нема да може да опстане.

Исполнет брачен однос бара ангажирање на двајцата партнери. Брачната хармонија не може да се постигне ако само еден брачен партнер води сметка за себе, додека потребите на другиот се занемарени. Не е возможно да се постигне складен брак ако еден партнер страда, а другиот е среќен. Бракот подразбира взаемно вложување. Потребно е секогаш себеси да се прашате на кој начин можете да се приближите еден на друг и како да се ускладите кога постојат спротивни интереси.

2. Јас немам што кај себе да менувам. Ако вие или вашиот партнер не сакате да превземете одговорност за вашиот заеднички однос, туку ја префрлате вината еден на друг не сакајќи да се менувате, тогаш вашиот однос сигурно ќе биде готов. Кога ќе се појават брачни несогласувања, некои не веруваат дека проблемот е во нив, а не во партнерот.

Не сакаат да го менуваат своето однесување туку очекуваат партнерот да се менува. Со тоа не превземаат одговорност за односот, а плус веруваат дека не е до нив, туку до партнерот. Всушност, тие се убедени дека ако партнерот е подобар и кога тој ќе смени, тогаш нема да постојат меѓусебни проблеми.

За брак е потребно двајца. Ако на него гледаме како на градина, тогаш ни е јасно дека е потребно да се грижиме постојано. Да се биде посветен. Да му се даде внимание и љубов. Бидејќи, еден ако се откаже, веднаш ќе почне да расте плевел. Не е возможно да имаш среќни и коректни односи, ако само еден партнер вложува труд и дава љубов.

3. Валканите алишта и вината. Ако партнерот и вие постојано се обвинувате, ги вадите валканите алишта од минатото, ги барате грешките на другиот и се фокусирате на она што не е добро, најверојатно ќе сведочите на раскинување. Сите однесувања кои предизвикуваат болка (обвинување, жалење, приговарање) ги оддалечуваат партнерите еден од друг.

Нека вашето заедничко минато биде банка на позитивни и убави искуства и наместо обвинувања, пронајдете ситуации кои ве прават среќни.

4. Не гледате ништо позитивно во партнерот. Ако не можете да пронајдете ниту еден добар квалитет или особина на вашиот партнер, иако тој ги поседува, а вие не ги гледате, тогаш сте сигурно зрели за разделба. Луѓето на кои односот долгорочно им е нарушен и партнерите живеат во омраза, тешко можат да пронајдат позитивност во другиот.

Таквите односи нанесуваат огромна болка, а единствено последично сакаат таа да престане. За жал, понекогаш единствено решение е развод.

Може ли да се’ да се врати на старо? Многумина кога ќе западнат во брачна криза сакаат да се вратат на старо. Меѓутоа на старо не можете да се вратите, бидејќи не сте оние кои бевте на почеток. Меѓутоа ако навистина сакате на вашиот брак да му дадете шанска тогаш можете да се запрашате:’Дали можеме да создадеме заедничко ново.’. Дали можете да ја унапредите вашата врска за да се чувствувате добро заедно.

Луѓето воглавно знаат дека не сакаат да чувствуваат болка. Кога ни е јасно што не сакаме да чувствуваме во нашата врска, тоа може да ни биде темел врз кој ќе го креираме нашиот иден однос.

Што кога и по смирувањето не оди понатаму? Можеби животот ви укажува дека тоа што го посакувате едноставно не можете да го имате со личноста со која сте во брак. Бидејќи за брак треба двајца. И двајцата треба да сакате да бидете во брак. Иако не постојат дефинирани знаци дека бракот е готов, чувството дека дојде крајот мора да дојде одвнатре, посебно кога сте сигурни дека се обидовте се’ што можевте.

Извор: sensa.hr

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading