Не им одговара на сите кога ќе поставите граници. Но, вие тоа направете го

Понекогаш луѓето ќе се бунат. Нема да ги прифатат. Тоа не значи дека вие немате право на тоа. Ќе ве сметаат за некој лудак, само затоа што себеси се почитувате доволно. Кој е всушност луд?

Нив им смета ако се залагате за себе бидејќи не играте по нивни правила. Вие сте им трн во око, бидејќи сте слободни. Не можат повеќе ништо да ви наметнат. И кога ќе посакате подобро за себе, тоа не им одговара, бидејќи не можат да влијаат на вас. Не можеме ние тука многу да направиме, освен да прифатиме. Да се тргниме. Нека мислат како што сакаат.

Не се преиспитувај себеси и одлуките свои поради тоа што на некој не му се допаѓа. Тој некој, сака да биде по негово, не почитувајќи те тебе и твоите чувства. Не ја повлекувај границата се’ понатаму и понатаму во нивниот смер, за да се измачуваш себе. Делувај од љубов кон себе и подвлечи цврста граница. Таму каде што ти ќе почувствуваш дека и’ е место. Каде што сметаш дека е потребно.

И не се плаши. Зарем ти требаат луѓе кои не ги почитуваат твоите здрави граници. Мислиш дека воопшто те почитуваат тебе? Или само сакаат да биде по нивно.

Марина Кнусел

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading