Многу жени ќе се препознаат: Како се станува несреќна жена?

Отсекогаш не’ прателе тешки задачи во животот. Да се биде жена не е ниту малку лесно.

Кога се раѓаш стануваш принцеза, кога ќе прозбориш- многу си слатка, кога ќе тргнеш на училиште ти велат вредно да учиш, бидејќи не е во ред да се биде ‘лошо’ девојче, во пубертетот почнуваат критиките од типот- долга сукња, длабоки фармерки, дојди дома до 11, немој соседите да те видат како се бакнуваш со некој на улица, како можеш да си дозволиш да добиеш толку единици, дај тренирај нешто, ако не сакаш да учиш- почни да работиш, ма женско се раѓа крвта да ти ја пие и така во недоглед. Почнуваш на факултет- гледај да имаме чист образ и внимавај со кој излегуваш. Кога ќе најдеш работа – е сега можеш да се омажиш! Кога ќе се омажиш, тогаш некој друг почнува се’ од почеток!

Законот на природата е тој. Тогаш сфаќаме дека цел живот правиме она што другите очекуваат од нас и стануваме хендикепирани за она што посакуваме. Одеднаш сфаќаме дека сме незадоволни. А незадоволството е како вирус, се шири на секое здраво ткиво, во овој случај на секој сегмент на нашиот живот. Сфаќаме дека првите триесет години ги подредивме на другите (некои тоа го сфаќаат подоцна) почнуваме да паничиме и се лутиме на другите. А бесот на незадоволната жена е како крикот на лавот во дивината. Бегајте додека не ве изеде!

Да го земеме во предвид и фактот дека општеството ни ја наметнува фразата ‘жена змај’. Тоа е успешна жена во се’, жена која се’ разбира, се’ може, се’ прави и се’ знае. Во случај некоја да не исполни нешто од наведеното, паѓа во очај и станува несреќна и незадоволна. А резултатите на ова незадоволство се следни: раскинување на врска, пријателство, расправија со семејството, нестабилни односи со луѓето во опкружувањето, слаби резултати на работа, погрешни избори, развод, очај, депресија…

Затоа на сите жени им советувам секој ден да застанат пред огледало и да се запрашаат што ги прави среќни? А кога ќе сфатат и си признат, време е да го направат првиот чекор кон остварувањето на своите цели бидејќи само така можат да дојдат до резултат. Одложувањето на проблемот доведува до решение. Бидете свесни за себе и своите квалитети, пофалете се себе и за најмал прогрес коЈ го направивте, кажете дека можете се’ да направите, а посебно да го држите животот во своите раце.

Правете она што сакате бидејќи насмевката која предизвикува задоволство никој не може да ја одземе. Сетете се на најситните детали кога направивте нешто што никој друг не можел. Сакајте го своето јас. Не, тоа не е фраза, тоа е вистина. Бидејќи сите несреќни и незадоволни жени имаат малку љубов за себе, а со тоа и малку волја нешто да променат.

извор: family

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading