Кога во животот ќе ти биде тешко, гушкај се себеси најсилно што можеш

Кога во животот ќе ти биде тешко, најди сила да се чувствуваш поинаку, најди сила да се извлечеш од калта во кој си фрлен. Нема да успееш, ако продолжиш со своите мисли да го храниш своето чувство на жртва, неправда и бесмисленост, иако во некоја рака навистина е се’ така како што ти се чини и како мислиш. Мора да се воздржиш од искушението, овој свет да го гледаш како една црна дупка, бидејќи таа дупка ќе те шмукне, ако ја претвориш во своја опсесија.

Кога навистина ќе ти биде тешко, собери сила да живееш едноставен живот. Поедностави ги мислите, искуствата и лекциите кои ги учиш од животот и почекај, додека твојата слика на светот не почне да ти влева надеж. Во најлоши времиња, некои настани се најважните промени и сфати дека болка од лошото не доаѓа без некоја причина, туку е тука да разбереш дека ништо не се случува без борба и дека болката покажува колку за некој или нешто ни е важно.

Научи повторно да сакаш, научи да ги редефинираш сите свои ставови, кои не те водат никаде, научи од почеток да ги поставуваш целите, научи повторно да се среќаваш со луѓето. Не си само посетител во ова време, тука си да оставиш некој траг, да сфатиш, дека ова е време на бескрајни можности, да ги претвориш своите болки во раст и да ја затвориш вратата која не те води никаде.

Немој да се криеш од себеси, тешкотиите нема да исчезнат, всушност ќе се зголемат. Подобра личност стануваш, тогаш кога ти се чини дека се паднало во вода, а тогаш ти, ќе ја пронајдеш онаа дополнителна причина и начин да направиш нешто, што никогаш не си направил и да се најдеш на почеток на еден нов свет. Еднаш кога во животот навистина ќе ти биде тешко, стави го срцето во служба на своите соништа, а не на своите повреди и ќе видиш, како пред тебе ќе се отвори нов пат во подобра иднина.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading