Ако жената е силна, таа не трча по мажот, туку едноставно си заминува

Силата и слабоста на жената во голема мера зависи од нејзината самодоверба. Ако нејзината самодоверба е ниска, таа не е сигурна во себе и својата вредност. Таа се сомнева во себе и тоа дали е добра за мажот. Жената која има ниска самодоверба мисли дека на никој не му е потребна, дека мажот ќе ја напушти и после тоа нема да најде никој. Од страв да не остане сама почнува да му удоволува. Со неа е лесно да се манипулира и често прави се’ за да го задржи мажот покрај себе.

За разлика од слабата жена, силната жена има висока самодоверба. Таа на мажот ќе му даде почитување, грижа, нежност и верност, но само ако тој ја почитува неа, нејзините чувства и нејзините желби и потреби. Ако мажот остане глув на нејзините желби и потреби, ако не обраќа внимание на неа, таа нема да трча по него. Силната жена знае ако треба мажот да го убедува да и’ посвети малку внимание, тогаш тој едноставно не е вреден за нејзиното време. Таквиот маж не и’ треба и таа ќе тргне во потрага по друг. Таа ќе замине бидејќи не се плаши да биде сама.

Силната жена знае дека сигурно ќе пронајде маж кој е добар за неа. Ако верува во себе и има доверба во врските тогаш ќе запознае маж кој ќе има желба да гради рамноправна врска со неа. Многу жени трпат и се согласуваат на трошки на внимание кои им го подаруваат мажите, а тоа сигурно нема да им овозможи среќен живот. Ако жената мора да трча по некој маж за да го привлече неговото внимание, подобро нека не го прави тоа..

Ако мажот не ја почитува и е рамнодушен кон неа, силната жена едноставно ќе си замине. Таа ќе најде начин својот живот да го направи среќен и без маж.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading