Порака на една оставена жена: ‘Среќна сум што те запознав, но уште посреќна што ме остави’

Верував дека си подобра личност и затоа те пуштив во мојот живот. Дури сега сфаќам колку сум глупа. Бевме конкуренција еден на друг во врската и секој од нас се обидуваше да се докажува. Очекуваше од мене благодарност што сум со тебе во врска, иако ништо не ми даде освен што ме натера да се чувствувам безвредно. Сега кога ќе размислам не можам да си верувам себеси што сум денес.

Но, сепак ти благодарам за тоа, научив сега што сакам да имам во врската. Сега знам за подобро. Драго ми е што замина. Драго ми е што престана со мене да го храниш своето его. Никој не ме понижи како ти, никој не ме омаловажуваше како ти, за да се преставиш себеси во поубаво светло. Сфатив дека не треба да му удоволувам ниту на еден маж ако тоа не го заслужува, дека не треба да му дозволам на никој да го контролира мојот живот и да ми го расипува расположението.

Главната работа која ја научив е – кога ќе чувствувате дека нешто не е во ред, верувајте, не е во ред. Ако видите дека некој се однесува лошо кон вас не ги затворајте очите на неговото однесување. Игнорирав многу работи бидејќи го сакав и на крајот се’ се сруши и се’ изгубив. Сфатив дека никогаш нема да се промени, бидејќи тој никогаш не сакаше да се менува. Сфатив дека никогаш не можете да го промените оној кој не сака да се менува.

Не бев свесна за својата вредност, се согласив да играм по негови правила и на крајот останав повредена. Еднаш дури ми рече дека имав среќа што го запознав, бидејќи е тој подобар од мене. Јас бев среќна кога го запознав, но бев уште посреќна кога замина. Ја научив важната лекција, научив колку вредам и сфатив дека тоа ми е се’ потребно за да научам некои работи во животот. Научив да се сакам и да се ценам себеси. Поради тоа сега се’ му простувам.

извор: infopult

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading