Џабе што си прекрасна жена ако живееш покрај човек кој не ја гледа твојата вредност

Еднаш кога ќе ја прочитате приказната за сочната праска на некои работи веројатно никогаш повеќе нема да гледате со исти очи. Замислете го ова вака.

Ти си најсочната праска на светот, секој човек кој сака праски е воодушевен од тебе. Созреа и падна на земјата и чекаш некој да те пронајде. Човекот кој те пронајде те набљудува чудно, размислувајќи дали да те земе со себе. Помислува- ‘Не сакам другите да те имаат’.

Те стави во својата торба и ти – најсочната праска си така среќна, така горда на себе што некој те одбра, што некој сака да бидеш негова. Се чувствуваш посебна врста и подготвена си себеси да се дадеш на таа личност.

Кога те донесе дома, те стави на масата во кујната и така часови и часови проѓа покрај тебе. Почнуваш да сфаќаш дека таа личност воопшто не сака праски. Почнуваш да сфаќаш дека не е доволно ниту тоа што си најсочната праска на светот. Почнуваш да сфаќаш дека те избра само затоа што никој друг не те одбра.

И така стоиш на тоа место и пополека скапуваш. Човекот на кој сакаш да му бидеш подарок, а тој не сака да ужива во твојата убавина. Гледаш како ужива во другите работи, гледаш како со задоволство јаде јагоди. Додека ти поплека скапуваш и ја губиш својата убавина.

Сета твоја вредност пропаѓа покрај тој себичен човек кој не знае да те има, а не сака ниту да дозволи другите да те имаат.

Оваа метафорична приказна во потполност го објаснува реалниот живот на многу љубовни врски. Многу жени ќе им се поклонат на мажот кој воопшто не е подготвен да ја цени и сака како што заслужува. Не знаат да сакаат, но исто така не сакаат некој друг да ги има.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading