Љубовен хороскоп до крајот на годината

Овен

Ако не сте во врска, тогаш ви следи обид да привлечете нечие внимание. Во прашање е исто така огнен знак, значи или Овен како вие, Лав или Стрелец. Ќе ви делува како да немате шанси, но не се откажувајте! Овновите кои се во врска одеднаш ќе ги гледаат партнерите со други очи, а се’ ќе почне од реченицата која ќе ја слушне од некоја личност која ја познаваат- ќе сфатат дека партнерот го гледаат од еден агол, додека другите луѓе во него гледаат нешто потполно поинакво.

Бик

И вас до крајот на годината ви стигнува романса со огнен знак (Овен, Лав, Стрелец) ако не сте во врска. Можно е да бидете вовлечени во љубовен триаголник, личноста која ви се допаѓа сеуште да не раскрстила со предходниот партнер, иако тврди дека е! Зафатените Бикови ќе мора длабоко да дишат и да ја препуштат контролата на личноста со која се во врска. Во спротивно, им се заканува многу стрес и притисок кои самите себеси си создаваат. Направете нешто добро за партнерот, поддржете ги во некој план или остварување на сон и ќе бидете изненадени како тоа ќе влијае на вашата врска.

Близнаци

Законот на привлекување е на вашата страна во следните два месеци. Ги привлекувате луѓето кои ги сакате во својата околина како магнет, никој не може да ви одоли. Искористете го тоа и соберете храброст за да се видите со личноста која некое време ви се допаѓа. Зафатените Близнаци треба да посветат што повеќе време на романтиката. Испланирајте убави излегувања, вечери или интимни вечери дома, зацврстете ја својата врска и во 2022 влезете вљубени.

Рак

Ако не сте во врска, можно е да се чувствувате по малку изгубено, ви се чини дека тапкате во место и дека ништо не се случува. Декември е месец за вас, тогаш конечно ќе ја сретнете личноста за која сонувавте. Не се откажувајте, бидејќи е можно таа средба да ве чека на некој настан или дружење за кое и понатаму се двоумите дали да одите или не! Во прашање е земјен знак, Јарец, Девица или Бик. Зафатените Ракови ќе мора да поработат сериозно на својата врска, бидејќи ја изгубија страста или нешто стои на патот на среќата. Потрудете се да запнете заедно со партнерот за да го решите тој проблем- ќе сфатите до крајот на годината дека не беше толку голем.

Лав

Ако не сте во врска, пред вас е сјаен период. Ново познанство со воден знак -Риби, Рак или Шкорпија – ќе се претвори во љубов од соништата. Ќе ја почувствувате таа привлечност веднаш, штом ќе се запознаете, нема шанси да погрешите. Ако сте во врска, ќе бидете поромантични и понесигурни во себе. Обично го водите главниот збор во врската, но сега само сакате некој да ве гушне, гали и смирува, слободно тоа кажете му го на партнерот или партнерката. Оваа понежна верзија на интимност ќе има убаво влијание на вашиот однос.

Девица

Ако сте сингл, љубовта до крајот на годината ќе ја пронајдете на потполно неочекувано место. Настанот на кој сакате да одите, на ново и непознато место…Новата љубов ве чека токму таму, истражувајте и ќе ја најдете. Девиците кои се во врска мора да ја прекинат рутината која ги ‘гњави’ веќе некое време. Направете со партнерот планови какви до сега немате направено, тоа ќе ви годи на вашиот однос и ќе остварите убави авантури заедно до крајот на годината.

Вага

Ако не сте во врска, ќе биде ова необичен период за вас. Ќе ви се јави личност од минатото, со која никогаш не сте се скарале, само се оддалечивте, но и понатаму ви недостасува. Ете ја од никаде, ви праќа порака и ви ја враќа насмевката на лицето. На вас е да процените дали треба да остане на допишување или нешто повеќе од тоа. Зафатените Ваги ќе се занимаваат со некој проблем кој константно е во нивниот живот, на секои неколку месеци ‘скока’ и ја ремети енергијата. Но, до крајот на 2021, овој проблем во врската конечно ќе биде решен, не се откажувајте, ви се насмевнува сјаен период.

Шкорпија

За разлика од Вагите, вие мора да бидете немилосрдни кон луѓето од минатотто до крајот 2021. Сакате да се вратат во вашиот живот, сакале вие тоа или не и тоа ве исфрлува од рамнотежа. Ова е предупредување кое важи и за зафатените и за сингл Шкорпиите – не дозволувајте некоја личност која едвај ја заборавивте да ви изруши се’ што имавте.

Стрелец

Можна е романса со личноста од странство, која ќе ја запознаете преку пријатели. Ќе биде во знак на Бик, Лав, Шкорпија или Водолија. Пред вас е возбудлив период ако се препуштите и ако ги пуштите чувствата да ве носат. Зафатените стрелци можат да очекуваат добри промени во љубовниот живот- до крајот на оваа година конечно се случува некоја ситуација поради која се грижевте и можете да воздивнте заедно со саканата личност

Јарец

Нова љубовна авантура им стигнува на Јарците, а личноста со која ќе го доживеете тоа е родена во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Ново познанство ќе ве исполни со необична енергија, ќе бидете храбри и расположени за возбудливи работи. Инспирација и возбуда бараат и зафатените Јарци и нема да се срамите тоа на партнерот да му го кажете. Ако имате прилика за заеднички пат, искористете го.

Водолија

Ако не сте во врска, за вас крајот на годината ќе биде како еден од оние романтични филмови. Нова личност ќе се досели во вашето соседство или почнува да работи со вас и ќе ви се чини дека сте од друга планета, додека не сфатите колку всушност се привлекувате еден со друг. Водолиите во врска мора да стават прст на чело и да размислат што не функционира добро. Срцето ќе ви каже дали тоа да го поправате, по кој знае кој пат или е конечно време да се откажете и среќата да ја побарате некаде на друго место.

Риби

Во вашиот живот доаѓаат Бик или Вага и можно е дека ќе има промена од корен. Ќе запознаете нови ‘симпатии’ кои се од претходните поинакви од вас и нивната енергија ќе биде неодолива. Ќе пука од страст! Ако сте во врска, до крајот на годината ќе се случи нешто што ќе го зајакне и ќе го подигне нивото. Во 2022 влегувате посреќни од било кога.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading