Мажите лошо ја поднесуваат женската самостојност, бидејќи ги прогонува чувството дека не се доволно добри

‘Ти си волк самотник. И ти треба премногу простор’- ми рече еднаш еден партнер, а јас немав желба да се спротиставам.

Поминаа многу години од таа изјава, а тој и јас сме поголеми странци отколку што бевме порано, пред да се запознаеме.

Но, нели е тоа неизбежна судбина на сите бивши љубовници? Кога на емоцијата ќе и’ дојде крајот, повторно да се претворат во странци. Не е важно колку ноќи сме поминале заедно и колку мечтаевме заедно. И колку се деревме еден на друг, колку се миревме страсно, неизбежната стварност вели дека после љубовта повеќе не се познаваме. И не сме исти. И никој повеќе не сакаме така. Невозможно е да се сака исто, да се посакува исто, да се дадеш на ист начин.

Не оди, па зошто тогаш глумење?

И тешко е да се остане пријател со некој со кој делеше кревет. Понекогаш е просто невозможно. И не го сакаш тоа. Не сакаш траен потсетник на се’ што тргна погрешно. Барем не неколку месеци, а можеби и која година.

Во некој момент емоциите ќе избледат. Не знаеш повеќе ниту зошто се каравте, но знаеш дека во таа личност повеќе не гледаш ништо слично, поради кое се чувствуваше прекрасно и ќе ти биде чудно.

Ќе се запрашаш како љубовниците се претвораат во странци и како успеа со некои од нив да останеш пријател, делејќи ги емоциите кои можеби ниту прераснале во интимен однос, а со другите, со кои беше, не сакаш ниту збор да прозбориш?

И не е дека другите направиле нешто повеќе лошо, освен само дека беа луѓе и правеа човечки грешки, токму како што ги правеше и ти, но едноставно не оди.

И не го форсираш тоа, бидејќи не е природно, па се чудиш зошто форсираат тие?

Safety net?

Што е тоа во мажите, што имаат силна потреба да останат пријатели со жената со која ги врзува некое минато? Зошто толку тешко пуштаат? Зошто тоа поврзување ако опстане им дава некоја чудна сигурност?

Зошто мораат да имаат резервно пристаниште во кое ќе се вратат? И зошто жените на тоа се согласуваат? Да бидат резервно пристаниште?

Останав пријателка со двајца мажи кои ги сакав. Можеби работата е во тоа што тие односи никогаш не станаа врски, туку трепереа во воздухот и ние горевме во тие емоции и танцувавме по работ, но никогаш не згазнавме во тоа овошје. Не онака вистински, до крај.

И можеби поради тоа ги прележавме сите мали љубовмори, надежи, огнови кои тлееја и после тоа се поздравивме и си рековме дека тоа така не може.

Но, не се согласив да им бидам резервно пристаниште. Никогаш не им дозволив да се вратат и да прошетаат во мојот свет, да ми го освојат телото иако потсвесно тоа го посакуваа.

Постојат некои граници кои на никој не им дозволив да ги преминат, а тоа се нарекува достоинство и самопочит.

На мажите треба да им бидете потребни.

И можно е навистина дека сум волк самотник и дека подрага ми е книгата и кафето, отколку секс со некој со кој делам привлечност, но не и душата. Но, иако тоа значи да се биде волк самотник, тогаш на тоа се согласувам, без двоумење.

Сфатив дека на мажите им е потребно да бидат потребни, да го имаат тоа чувство како да се наши супер херои. И навистина лошо ја поднесуваат женската самостојност, бидејќи ги прогонува чувството дека не се доволно добри. Многу пукаат по шавови. Не се доволно силни да се носат со јака жена која не и’ се потребни на секој покрет и ситница.

‘Ќе останеш сама, ако не му покажеш на некој маж дека ти е потребен. И тебе, така силна, самостојна и дива некој може да те заштити’.

После сите мои љубови, научив дека мажите не сакаат да тргнеме напред. Не сакаат да почувствуваат дека се преболени, прежалени и препуштени на заборавот. Поради тоа некој дел од нив сака да се држи за сигурност, пристаниште наречено пријателство.

Некои навистина себеси ќе се убедат да веруваат во тоа. Дека тука нема емоции, ниту калкулации. Нема тука ништо злобно. Така само се штити срцето и достоинството.

И не е тоа моја мана, независно што ти кажаа твоите бивши. Жената треба да знае да биде вистински среќна сама, а не во лажен сјај, со ронка љубов или остатоци од односот спаковани во пријателство и слаткоречиви зборови и погледи.

Марија Класичек

ААportal

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading