Бог ви ги праќа луѓето во вистинско време

Луѓето секогаш велат дека навистина не може да се објасни зошто некои луѓе ги чувствуваме на одреден начин. Чувствуваме како Бог ни се приближува преку некои луѓе бидејќи токму тие ни требаат во нашиот живот сега. За да не’ научат важни лекции во животот. Постои причина зошто Бог го раздвижува вашето срце кон одредена личност и зошто со некои луѓе се привлекувате повеќе отколку со другите.

Кога ќе размислите, не постои ниту една личност со која сте се поврзале, да нема нешто вредно да ве научи или да игра важна улога во вашиот живот. Интересно е, повеќето од тие луѓе се привремено во вашиот живот, само да ви покажат друг начин на гледање на работите и да ве ослободат.

Понекогаш фазата на вашиот живот одредува кој вид на луѓе ќе привлечете и тоа е убавината на верата, Бог ви праќа луѓе кои ви требаат точно во вистинско време. Тој ви дава одговори кои ги баравте преку тие луѓе.

Проблемот почнува кога стануваме фрустрирани ако овие луѓе си одат а ние не можеме да ги пуштиме. Не разбираме зошто Бог одзема нешто така убаво или некој кој не’ исцелил.

Суштината на пуштањето е верата. Верувате дека е подобро да ја оставите приказната таква каква што е. Подобро е да пуштите да биде на начин на кој Бог запишал. Можеби овие луѓе се ангели пуштени кај вас, за да ве научат лекција, да ве исцелат или да ве направат подобра личност.

Можеби тие луѓе ве учат како да пуштите, како да се одвоите, како да сфатите кога некој го завршил својот дел од приказната и да верувате дека следната личност која Бог ќе ви ја приближи е токму таа која ви треба, дури и ако вие сеуште не ја познавате.

Затоа што еден ден ќе сретнете личност која планира да остане засекогаш, ќе го препознаете во преполна соба бидејќи конечно сте ја сфатиле разликата меѓу некој кој ќе ја допре вашата рака и некој кој ќе ја допре вашата душа.

Извор: novipocetak

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading