Некои луѓе знаат како е тоа кога нечие срце ќе пукне и како да се залепи и поправи

Добрите луѓе не се раѓаат, тие такви стануваат. Секоја личност на светот има карти кои ги добива со раѓањето и со нив мора да ја игра комплицираната игра, која се вика живот.

Какви и да имате околности во животот, вие одлучувате дали ќе бидете жртви или оние кои преживуваат. Вие имате контрола над изборот, дали својот живот ќе го направите сладок или кисел.

Оние кои ќе одберат сладок живот, оние кои преживуваат, се најјаки. Најубави и најдобри луѓе кои ги познаваме се оние кои доживеале пораз, го запознале страдањето или загубата, се бореле во секој момент и го нашле патот од најтемните длабочини. Овие луѓе знаат да почитуваат, чувствителни се и имаат разбирање за другите. Животот им даде искуство кое ги наполни со сочувство, љубезност и длабока емпатија.

Прекрасните луѓе не се раѓаат такви, тие стануваат.

Љубезните луѓе носат светло во светот затоа што излегле од мракот. Во темнината во која се родени, љубезните луѓе со својата позитивност ги осветлуваат животите на другите. Токму нив им се дадени ‘несреќни’ карти како што се лоши семејни ситуации или сиромаштво.

Не само што научија како да успеат во животот, научија и како да преминат преку лошите работи и да се издигнат над нив. Ги тргнаа своите ‘штеки’ и го направија невозможното: Со труд ги стигнаа сите оние кои имаа повеќе среќа и подобри околности.

Љубезните луѓе се најјаки, бидејќи биле најповеќе повредени. Повредени од бившите партнери или изневерени, за следниот пат подобро да знаат, како да го сакаат својот иден партнер. Тие знаат како е тоа кога нечие срце ќе пукне и како да се залепи и поправи. Тие не сакаат на никој да им го дозволат искуството кое го доживеале. Љубезните луѓе на тежок начин научиле, дека личните недостатоци се прилика за раст и развој.

Љубезните луѓе можно е некогаш да биле песимисти. Со време научија, дека од песимизам нема раст. Сфатија, дека секоја работа која како тег ги влече надолу, всушност е едно скалило на патот кон остварување на сонот. Љубезните луѓе, не сакаат другите луѓе да страдаат како што страдале тие.

Љубезноста и добрината во човекот произлегува од суровоста која ја доживеале. Наместо таа агресија да ја пренесуваат на други, љубезната личност ќе го прекине тој маѓепсан круг и со комплименти ќе одговори на лошото однесување.

извор: mislipozitivno

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading