Зошто личноста која не’ труе, не сака да го промени однесувањето кон нас?

Што можеме да направиме кога ќе се најдеме во очигледно штетни односи со луѓе кои одбиваат да ја превземат одговорноста за своите постапки; што можеме да направиме ако личноста пред нас не сака да го промени однесувањето кон нас?

Можеме да реагираме свесно и да го застанеме страдањето. Кога личноста која не’ труе и нема намера да ја превземе својата одговорност признавајќи дека има непримерен став, можеме да ја прекинеме штетната динамика која се создава со одбирање да не ги трпиме понатаму штетните последици на овој однос дистанцирајќи се од таа личност, емоционално или физички за да се заштитиме.

Ако слабоста која произлегува од одреден вид на односи навистина може да се препише на однесувањето на личноста која е пред нас и не е само проекција на нашите внатрешни рани, добро е да се знае како подобро да се управува со ситуацијата. Не можеме да ги промениме луѓето, но кога соочувањето со некој од нив ни штети, што можеме да направиме да се заштитиме себе?

За жал, многумина не се свесни за штетата која можат да им ја нанесат на другите и одбиваат да го променат својот став, бидејќи ако тие во тоа не гледаат ништо лошо, тоа не значи дека ние мора пасивно да го трпиме нивното однесување. Промената на нашиот начин на реагирање на однесувањето на другите луѓе, не е синоним за слабост ниту претставува признавање на вината, туку превземање на одговорност кон нас самите, што означува почитување и зрелост: свесно одбиваме да се чувствуваме лошо, престануваме да им даваме на другите можност да ја имаат моќта над нас, ние едноставно ја земаме ситуацијата во свои раце на начин дефинитивно да ја прекинеме дисфункционалната, ако не и токсичната динамика.

Некои се однесуваат провокативно за да предизвикаат емоционални реакции кај другите, често тоа го прават несвесно, а при тоа чувствуваат одредено задоволство со набљудување на другите како инстинктивно реагираат на нивните импулси. Опасноста која може да се создаде во овој вид на односи е опасност од повлекување во маѓепсан круг во кој нашите емоционални реакции го хранат оној кој не’ прогонува. Инстиктивно реагираме на она што не’ боли: со борба или бегање; но постои и трет одржлив начин дури и ако е најтешко: свесна рамнодушност.

Не се работи за рамнодушност која својот поглед го трга на друга страна игнорирајќи го она што се случува, туку за луцидна способност емоционално да се дистанцираме, избегнувајќи провокациите да ни наштетат. Ако емоционално се одвоиме од тие провокации, значи да бидете концентрирани на себе, присутни и сигурни, бидејќи кога сме свесни кои сме, нашите вредности, она што за себе мислиме, заедно со она што сме, нашата способност и искуства вредат повеќе од просудувањето на другите. На овој начин нема повеќе да се впуштаме во первезна игра на оние кои буквално се хранеа со нашите емоционални реакции: нема можност да ги добијат реакциите кои ги бараат од нас.

Сандра Сапорито

извор: https://www.eticamente.net/66656/non-possiamo-cambiare-le-persone-nocive-ma-possiamo-proteggerci-da-loro.html

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading