7 работи кои вистинска дама не ги зборува

  1. Вистинските дами побргу ги остваруваат своите соништа и цели кога тоа го прават во тишина. Така себеси се штитат од лоша енергија и токсични луѓе.
  2. Вистинската дама никогаш не ја открива својата финансиска ситуација. Тоа е нешто што треба да го задржат за себе. Ако се фалите со тоа колку заработувате ќе испадне дека сакате да оставите впечаток на богата жена, а тоа не сте.
  3. Вистинските дами не откриваат многу за својот љубовен живот. Жените сакаат да зборуваат за туѓите љубовни животи но тоа е лична работа која треба да ја задржат за себе. Многу е некултурно да испитувате друга личнист за нејзиниот љубовен живот.
  4. Вистинските дами никогаш не ги откриваат туѓите тајни. Иако на жените во гените им е да трачарат, елегантните дами од тоа треба да се воздржат. Посебно ако се во прашање негативни трачови, а тоа се оние кои имаат намера некој да оцрнат или да откријат нечии доверливи информации.
  5. Вистинските дами не зборуваат за проблемите во својот живот. Сите драми кои се случуваат тие ги задржуваат за себе. Тие не се од оние жени кои ги повикуваат сите пријателки штом нешто лудо ќе се случи во нивниот живот. Таквите приказни можат да бидат шеговит дел од разговорот но никако да биде причина за вашиот состанок.
  6. Вистинските дами не ги откриваат своите верувања. Тие не ги почнуваат темите за вера, политика или случно бидејќи знаат дека во тоа многу луѓе се разликуваат и за тоа не се расправа.
  7. Вистинските дами никогаш не се фалат кои добри дела направиле. Нема ништо поубаво отколку да се види жена која допринесува за луѓето, заедницата, градот, светот… Но, нема ниту полошо од жена која само се фали со тоа. Добрите дела не се наменети за да се издигнете во општеството, туку да му помогнете на светот.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading