Некои разочарувања ги отвораат очите, но го затвораат срцето

‘Не жалам поради луѓето кои ги изгубив со тек на време, ама жалам за времето кое го изгубив со одредени луѓе, бидејќи не ми припаѓаа мене, со години’.

Карл Густав Јунг

Ако сте многу чувствителна личност, вашиот живот го сочинуваат емоции кои ви го галат срцето, убави и блескави емоции и други кои се потемни и тешки. Тие емоции кои ќе го обојат вашиот живот, можат да станат болни, а понекогаш можат силно да го условат вашиот начин на живот во врските, претворајќи ве во емоционална мета.

Ако сте опкружени со погрешни луѓе, оваа голема чувствителност може да стане Ахилова пета која ќе ве доведе до внатрешно страдање. Поради тоа е важно да се научи емоционалното дистанцирање. Некои луѓе имаат проблем со тоа. Пред се’, тоа треба да го научите, посебно ако се чувствувате како емоционална мета. Дистанцирајте се- понекогаш е тоа прашање на преживување.

Емоциите можат да ни дадат незаборавни моменти, но кога се премногу тешки, дистанцирањето може да биде вистинска одлука. Не е прашање на отупување, туку едноставно зголемување на емоционалната интелигенција, учење на управување со емоциите на таков начин, да не се страда поради преголема чувствителност и да се избегнува поткопување на нечиј психо- физички интегритет.

Што значи емоционално да се дистанцира? Знаете, кога со одредена личност, расправиите секогаш ескалираат и кога сте во милост и немилост на емоционалниот тиранин кој во вас го буди она најлошото. Големи се шансите дека го запознавте човекот, еден вид на енергичен тиранин поради кој сте надвор од контрола и се чувствувате лошо, како одвнатре, така и физички.

Во такви случаи заштитата од влијанието на тие тирани, благодарејќи на емоционалната одвоеност, ќе ви помогне да не се вратите во нивните замки и да не се исцрпувате непотребно. На некои луѓе е бескорисно да се лутите, единствено решение е да си одите; понекогаш само емоционално; но понекогаш физичката одвоеност ќе ви биде начин за спас.

Пред се’, важно е да сфатите дека емоционалната заштита не значи да станете отупена личност, туку едноставно доброволно да одлучите да не дозволите вашите емоции и луѓето да имаат моќ над вас без ваша согласност. Ако им дозволите на луѓето, кои секогаш ве прават бесни, тажни и фрустрирани, да ве користат како емоционална мета, а при тоа да не направите ништо за да ги спречите, значи дека им ја давате својата премолчена согласност за искористување и манипулација.

Што може да ве натера на тоа?

1. Имате работа со ‘личниот тиранин’. Се случува да се најдеме во токсична релациска динамика, во која нашиот несвесен блок наоѓа достојна потпора да излезе на виделина. Тоа е случај со тиранин кој се однесува како наше спротивно огледало и се однесува пропорционално спротивно од нас.

2. Другите ве доживуваат како нивно емоционално ѓубре.

‘Отпуштете ги луѓето кои ви доаѓаат само за да ви се жалат, за проблеми, трагични приказни, стравови и суд за другите. Ако некој бара канта во која ќе го фрли своето ѓубре, не дозволете да ја најде во вашиот ум.’- Далај Лама.

Можеби имате работа со личност која е толку набиена со негативни емоции, што барате начин да ја исчистите. Проблемот е во тоа што сте многу чувствителни и затоа емотивно отворени, па не можете да го филтрирате она што ќе ви дојде и ќе се најдете заронети во туѓо ѓубре. Кога веќе се борите со управување со своите чувства, можете да бидете заглавени во оваа улога и со тоа рискирате голема внатрешна нетрпеливост, поради која е подобро да се дистанцирате. Ако работите на себе за да ги решите своите проблеми, тоа не подразбира дека мора да ја трпите и работата на другите: секој треба да ја одреди својата. Јасни договори носат долго пријателство.

извор: Sensa.hr

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading