Искомплексираните луѓе тешко градат односи- како самите ја саботираат врската

Лесно е да се обвинуваат другите луѓе и целиот свет, а најтешко е да се застане, да се размисли и да се увиди проблемот во вас.

Ако сте од оние личности кои често влегуваат со комплекси во врска, време е да ја преиспитате опцијата дека сте сами свој саботер. На многумина не им треба непријател, тие ја растураат својата врска без помош од било кој. И тоа на следниве начини:

1. Секогаш мора да бидете во право. Ако ви е поважно да го кажете своето мислење и да докажете дека сте во право, отколку да попуштите во расправијата – бидете свесни дека со тоа ја саботирате својата врска. Без оглед колку сте во право важно е да кажете стоп, време е оваа приказна да заврши поради добрите односи. Ако постојано еден кон друг користите рогови ‘јас сум во право’, се’ ќе се претвори во бојно поле.

2. Сакате да имате контрола над другите. Ова е најголем проблем во секоја врска. Колку и да сакате сите да играат како што вие свирите, мора да знаете дека тоа не е здрав однос. Колку и да ве ‘прати’ партнерот во почетокот додека е вљубен, подоцна ќе престане да ве слуша и ќе почне да има отпор кон вашите барања.

3. Повлекување во себе. Уште една препрека во врската. Вакво однесување е често последица на траума од минатото. Личноста која не е способна да реши некој проблем преку разговор, полесно го става под тепих и се затвора во себе. Проблемите на таквите личности никогаш нема да се разрешат, само се собираат и создаваат уште подлабок проблем.

4. Му се одмаздувате на својот партнер за се’. Било што вашиот партнер да згреши, вие се одмаздувате. Треба да сфатите дека љубовта не е натпревар. Кога партнерот ќе ве повреди, треба да му посочите дека неговите постапки ве болат и заедно да преминете преку се’.

5. Премногу сте искрени. Иако искреноста е прекрасна особина, добро е некои работи да ги задржите за себе. Ако на својот партнер му кажете дека кошулата лошо му стои, а тој толку ја обожава, на крајот ќе се навреди. Не е секогаш важно што вие мислите, битно е како вашиот партнер се чувствува.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading