Како систематски ве уништува идиот, а цело време ве прави луда/луд

Да, во прашање е некоја врста на тортура, најмногу во емотивна врска. Како тоа обично се случува? Да претпоставиме дека сте во врска. На почеток, се’ е прекрасно. Како што е вообичаено. Наскоро, малку по малку, почнува критика и обесхрабрување. Тогаш почнувате и сами да се сомневате во себе. Не сте повеќе сигурни што е вистина, а што не е. Кој ви посакува добро, а кој лошо. Вие себеси или тој вам…

Така несигурни грчевито се држите за партнерот. Критиката е се’ посилна, а вие…како да полудувате. Но, како тоа и обично се случува, не е до вас. Партнерот манипилира со вас. И тоа со методата која се нарекува ‘gaslighting’. Во превод тој поим значи манипулација, излудување, (емоционално), злоставување…дали е сега појасно?

Се работи всушност за еден можеби најрасипан начин на манипулација, еден епски начин на испирање на мозок или кога деструктивните луѓе ја пренесуваат одговорноста на нас. Експлатираат, понижуваат и го навредуваат својот партнер, роднини, пријатели. Користат многу одвратни маневри со кои ја дезориентираат и ја дезинформираат жртвата и ја пренесуваат одговорноста на неа, за она што и’ се случува.

Тоа всушност значи систематско уништување на психата на една личност, првенствено нарушување на нејзината самодоверба, а потоа буквално, неверување на сопствените очи. Дали е сега појасно? Тоа е онаа фамозна реченица: ‘На кој му веруваш- мене или на своите очи?’ Значи, чиста манипулација и тоа со излудување. Звучи грозно!?

Преиспитување, преосетливост, збунетост, ‘на чекор до лудило’ константно извинување- на сите, но и оправдување на партнерот- повторно, пред сите…само се некои од симптомите. Потоа, неразбирање, незадоволство кое е тука во воздухот, но…Што е точно? Значи, некој ве прави луд.

Самиот поим ‘gaslightning’ всушност произлегува од театарската претстава ‘Gas Light’ (плинско светло) од 1938 год, во која мажот се обидува да ја излуди својата сопруга користејќи бројни трикови и ја доведува до тоа, таа да ја преиспитува својата перцепција на работите и здравиот разум. Излудување. Единствен лек е спротиставување. По онаа старата ‘премногу е лудо за да биде вистинито’ …па веројатно и е.

Последиците можат да бидат опасни, велат психолозите. И навистина, сведувањето на минимум на туѓите зборови, мислења и дела, доведуваат до потполно уништување на самодовербата и тоа може да доведе до катастрофални последици. Токсичната врска на тоа ниво има големи последици. Важно е на време да ги осознаеме знаците, триковите и слично и да одреагираме.

Заминете веќе еднаш, не се колебајте.

Извор: lola

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading