Кога мажот нема сериозни намери со жената?

Мажот кој ја сака својата партнерка никогаш нема да ја изневери бидејќи разбира дека со тоа само може да ја уништи врската. Тој ќе се потруди да му помогне на својата партнерка да стане подобра, ќе и’ биде постојана поддршка во сите животни моменти.

За жал постојат и мажи кои не влегуваат со најдобри намери во нашиот живот. Постојат знаци во однесувањето на мажот кои можат јасно да ви покажат дека тој нема добри намери со вас и дека не ве сака.

Се жали на она што го правите. Мажот кој ве сака нема да губи време на постојани приговори. На почеток тоа приговарање можеби нема да ви смета, но со тек на време може да стане застрашувачко и да се претвори во сериозен проблем.

Не го прифаќа вашето минато. Мажот кој искрено ве сака ќе ве прифати такви какви што сте. Вашето минато е дел од вашиот живот и него не можете да го промените, а мажот кој ве сака ќе го прифати.

Не се обидува нормално да разговара со вас. Кога мажот не се грижи за вас тој ќе се потруди на сите начини да ги избегне непријатните разговори со вас.

Секогаш нешто бара, а ништо не дава за возврат. Мажот кој ве сака секогаш ќе се труди да ви возврати се’ она што му давате нему. Тој е среќен кога е среќна и неговата партнерка.

На непристоен начин го коментира вашиот изглед. Некој кој искрено ве сака нема да сака да ве омаловажува поради било што. Тој ќе ве цени поради тоа што сте и ќе ги прифати сите ваши недостатоци.

Покажува интерес само кога ќе почувствува конкуренција. Размислете сериозно кога ќе видите дека вашиот партнер ви посветува внимание само тогаш кога ќе забележи дека другите мажи се интересираат за вас. Можеби му служите за забава додека не најде друга прилика.

Не сака да се дружите со неговото семејство и пријателите. Мажот кој ве сака секогаш ќе има желба да ве запознае со своите најблиски и ќе биде среќен ако имате добар однос со неговото семејство.

Не разговара со вас за иднината. Иако е ова тешка тема за многу мажи, ако ве сака и сака да биде со вас тој со задоволство ќе ги прави планови за иднината вклучувајќи ве и вас.

Бара од вас да му докажувате. Мажот кој ве сака нема постојано да бара од вас да му докажувате својата љубов и да правите работи кои не ви се допаѓаат. Кога сте заглавени во нездрав однос, постојано мора да се докажувате.

Не ги почитува вашите граници. Мажот кој ве сака никогаш нема да ги премине границите бидејќи знаат дека тие се со причина тука. Само на мажот кој не се грижи ќе ве натера да направите она што не сакате.

Бара влакно во јајцето. Кога мажот не се грижи за вас ќе бара и најмала ситница за да може да ви приговара. Секогаш за се’ ќе ве обвинува вас и ќе драматизира.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading