Ако сте моментално слободна жена- уживајте!

Да се биде сингл не е секогаш едноставно и забавно. Но, не мора да биде досадно и депресивно. Постојат многу предности кога не сте во врска. Сега кога сте слободна жена, можете да научите многу повеќе за себе, за своите желби, потреби и животни цели. Погледнете неколку причини зошто е добро да сте слободни.

Уживате во тишина. Размислете…Нема повеќе расправии и убедувања. Не мора да правите компромиси и можете да правите што и да сакате. Слободни сте и уживајте во својата слобода. Најголемата грешка ќе биде ако барате патнер ‘со сила’. Опуштете се и искористете ја новосоздадената ситуација за да си се посветите во потполност себеси.

Поминувајте повеќе време со пријателките. Кога сте во врска, многу време поминувате со пријателите. Причината не е тоа што вашиот партнер ви забранува туку едноставно немате време. Меѓутоа, сега сте слободни и имате време да им се посветите на пријателите. Поврзете се со старите пријатели или пронајдете нови. Во секој случај, надокнадете се’ што сте пропуштиле.

Фокусирајте се на семејството. Секако дека треба му посветите повеќе внимание. Веројатно вашите најблиски понекогаш ве излудуваат, но во суштина тие се единсвени кои безусловно ве сакаат, без оглед на се’.

Решете го минатото. Не размислувајте за грешките кои одамна се направени и работите на кои не можевте да влијаете. Тоа сега не може ништо да смени и најдобро е да остане во минтото каде што и припаѓа. Уживајте во тоа што сте слободна жена и радувајте се на секој нов ден кој ќе ви донесе нешто ново.

Нучете повторно да се сакате себеси. Сега е моментот конечно да почнете да мислите само на себе. Не се замарајте премногу со она што се случи во минатото. Бевте во врска, врската се заврши и вие ќе најдете некој друг, кога за тоа ќе дојде време. Но, сега свртете се кон себе, кон своите потреби, желби и секако уживајте. Дознајте што ве прави радосни и што ве прави тажни. И секако одлучете што сакате од следниот партнер и не се согласувајте на ништо помалку.

Искористете ја секоја прилика за да напредувате. Престанете да плачете за бившиот и почнете да уживате во животот. Фокусирајте се на многубројните прилики кои ќе ви застанат на патот. Постојат толку многу исклучителни работи на кои треба да му се радувате. Можеби дојде време да работите напорно и предадено за да добиете унапредување за кое веќе со години сонувате. Бидете свесни дека немате време за плачење. Размислувајте позитивно, поставете си цели и сета своја сила и енегија насочете ја кон нивно исполнување.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading