Џабе некои луѓе ти посакуваат зло, кога Бог ти мисли добро

Кога ќе паднете силно, се’ станува јасно. Некои луѓе ќе дотрчаат до вас и ќе почнат да ви помагаат. Ќе ве прашуваат, ќе ви помогнат да станете, ќе воздивнуваат, ќе ве тешат и ќе сочувствуваат со вас.
А некои други ќе поминат покрај вас. Иако се познавате, се дружите, пријатели сте. Или само вие така мислевте. Тоа не е ништо. Тоа се случува и веќе е многу познато.

Оние кои ви помогнаа да станете, гушкајте ги и бидете благодарни.

Оние кои поминаа покрај вас, без да ве погледнат, преместете ги од листата на пријатели, во листата на познаници. Никој не е должен да ве подигне. Познаниците не мора. Затоа се и познаници. Без навреди и без непотребни илузии.

Ќе има и такви, кои ќе се обидат да ве удрат додека лежите. Тоа само значи, дека не треба предолго да лежите. Тоа се оние кои не ви посакуваат добро. Недобронамерни познаници.

А тука е уште една ‘оргинална’ категорија на луѓе: тие ќе ви се доближат и ќе ве обвинат за падот, дека размислувате погрешно, не одите добро, немарни сте! Тие дури можат да почнат да ви командуваат: ‘Собери се! Не цмиздри! Стани и оди!’

Тие исто така ‘удираат’ по оној кој паднал, но, искрено сметаат дека нивните удари се магични. Така и зборуваат, удирајќи: ‘Тоа е магичен удар!’. Иако боли од тие удари- многу!

Тоа е се’ – обичен живот.

Тоа што ве отфрлуваат рамнодушните или ве шуткаат недобронамерните, не е толку болно. Боли фактот, што оние кои ги сметавте за блиски, пријатели, сакани, се покажаа како познаници. Странци кои ги познавате по името. Нивните лица ги препознавате.


Да се падне е болно, но тоа многу објаснува. Розевите наочарите се кршат при падот. И не е мудро да се трча, по нови наочари. Подобро е да се побараат нови пријатели меѓу оние кои ви помогнале да станете.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading