Верувајте му на својот маж, со вас е со причина

Можеби е се’ само во вашата глава, можеби тој не ви дава никакви знаци, ниту причини да се сомневате во него, но вие сеедно не можете мирно да седите кога ќе ве ‘фатат’ вашите бубачки. Секогаш имајте на ум дека тој со причина од сите жени на овој свет ве избрал токму вас, затоа избегнувајте да правите некои грешки кои подоцна можат да ве чинат.

1. Не барајте постојано да ви докажува верност; Тоа што вашиот партнер е опкружен со убави жени на работа не мора да значи дека ќе ве изневери со некоја од нив. Не дозволувајте вашата несигурност да го излудува. Нему му е потребна вашата доверба и мир дома.

2. Не разговарајте за измислена љубовница; Ако одите по него и ги кажувате своите сомнежи дека ве изневерува со оваа или онаа жена со тоа нема ништо да направите, дури и ако постои, со тоа само ќе ја влошите ситуацијата.

3. Својата несигурност не ја надокнадувајте обидувајќи се да бидете совршена сопруга; Никој не е совршен и никој не мора да биде совршен за да биде верен. Мажите чувствуваат кога се однесувате природно и кога нешто не е во ред, посебно кога сакате да привлечете негово вномание.

Ако се плашите дека вашиот партнер може да ве изневери, обидете се да не размислувате за другите жени, бидејќи тие не се ништо подобри од вас. Почитувајте го својот маж, кажете му дека го сакате. Верувајте и почитувајте го својот маж и знајте дека постои причина зошто тој ве избрал вас. Не разговарајте со него за други жени, но внимателно слушајте ако тој ви зборува за некој.

Вие пред се’ треба да се сакате себе, да бидете среќни и да се фокусирате на себе, а не на други жени кои во теорија можат да го заведат вашиот маж.

извор: pult24.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: