Секогаш ќе биде една личност која никогаш нема да ја заборавите- таква љубов живее вечно

Во вашиот живот сигурно постои личност која ве промени и откри нешто во вас што ниту вие самите не знаевте дека имате. Секогаш ќе ви остане таа една личност во срцето на која засекогаш ќе се сеќавате.

Можете да се обидете да ја избришете од сеќавање или да се обидете да ја заборавите како знаете и умеете, но тоа нема да ви успее, бидејќи сигурно во сонот ви се јавувуа. Затоа што тој ‘некој’ од срце ве сакал. Таа личност ви покажа и докажа дека сте вие вредни за вистинска и искрена љубов.

Ви покажа дека не мора во животот да се согласувате на работи кои се под вашето ниво. Дури и ако оваа личност повеќе ја нема во вашиот живот, ако заминала или ве напуштила, љубовта кон таа личност и понатаму трае. Таа љубов живее во вас и ја чувствувате во своето срце, бидејќи таква љубов никогаш не умира.

Не го разбирате нејзиното заминување како трагедија, бидејќи тоа за вас претставува нов почеток. Почеток на нови случувања, авантура и спомени кои ве чекаат.

Потрудете се тоа заминување да не ве скрши и да не ве натера да престанете да верувате во љубов после неа/него. Избришете ги солзите и храбро тргнете во нови победи и предизвици. Не треба да се криете од животот и она што тој го носи, не ги сокривајте чувствата од луѓето кои ве сакаат и најважно, не си ветувајте себеси дека нема никогаш да сакате, бидејќи тоа не е вистина.

Сега знаете како е тоа вистински да се сака и како е кога си сакан, а тоа е благодарејќи на личноста која замина од вас. Сигурно некој нов во вашиот живот ќе сакате. Тоа не значи дека бившата љубов ќе ја заборавите, но мора да ја пуштите поради себе, за да преболите побргу и да тргнете напред во животот, новите предизвици чекаат, како и нова љубов.

И не се грижете повторно ќе засакате некој нов во својот живот и тогаш ќе сфатите колку време сте биле подготвени за нешто ново со нова личност.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading